Активности

ДОМ потписник на Декларацијата за соработка со младите

NMS Deklaracija

ДОМ во пресрет на предвремените парламентарни избори  ја поддржа Декларацијата за соработка со младите. Во име на ДОМ, Декларацијата ја потпиша претседателката на Младинската организација, Симона Сарделиќ.

Повеќе...

МОДОМ на студиска посета во Стразбур

6

Членовите  на МОДОМ Кристијан Балески и Бојан Петровски од 16-23 Март земаа учество на студиска посета на тема „Open source- Open Mind“ во организација на CDN – FYEG во соработка со Оделот за млади при Советот на Европа. Семинарот се одржа во седиштето на Младинскиот центар при Советот на Европа во Стразбур, Франција.

Повеќе...

Јосифовски повторно избран во Извршниот одбор на ЦДН

Baze vo CDN

Потпретседателот на МОДОМ, Блаже Јосифовски беше реизбран за член на Извршниот одбор на Мрежата за соработка и развој на Источна Европа. На Генералното собрание кое се одржа од 20 до 23 февруари 2014, покрај делегатите од 14 земји беа присутни и преставници на Зелените од  Швајцарија, Каталонија, Австрија и Норвешка.

Повеќе...

МОДОМ потписник на Декларацијата за слободни и фер избори

Deklaracija Ins Oh

Во име на Младинската организација на ДОМ, претседателката Симона Сарделиќ, денеска потпиша Декларација за слободни и фер избори. Декларацијата ја потпишаа подмладоците на 17 политички партии во земјава, а иницијатор беше Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид.

Повеќе...

Анета Поповска на студиска посета во Будимпешта

Aneta vo Budimpesta

Анета Поповска беше преставник на МОДОМ на студиската посета која се одржа од 20-ти до 27-ти Октомври 2013 во организација на Мрежата за развој и соработка во Источна Европа (CDNEE) во соработка со Секторот за млади на Советот на Европа во Будимпешта, Унгарија. Тема на студиската седница беше „Навигација надвор од Веб насилството-Борба против родово-базирано насилство он-лајн“. Покрај нашата преставничка имаше на студиската посета земаа учество преставници од младинските организации на Зелените од Србија, Косово, Црна Гора ,Хрватска, Русија, Ерменија, Украина, Белорусија, Азербеџан, Молдавија, Полска, Германија, Каталонија, Грузија, Казахстан, Швајцарија и Шведска.

Повеќе...

МОДОМ на летен камп на Зелените во Хрватска

MODOM vo Hr

Претставници на летниот камп на тема „Регенерирана Европа! Младински активизам, политичко учество и директна демократија“ од МОДОМ беа: Симона Сарделиќ, Магдалена Христова и Марија Михајловска. Кампот се одржа во планинарскиот дом Јанковац од 10 – 16 август, имаше 60 учесници од 27 земји, а целта беше да се поттикне дијалог помеѓу младите од организациите членки на ЦДНЕЕ, кои секој на свој начин иницирал или барем учествувал во големите социјални движења низ Европа. Ова беше можност младите да ги споделат своите искуства од активизмот од своите држави, да ги анализираат проблеми со кои се соочуваат кога се трудат да ги искористат постоечките канали на политичко учество и да се изборат со ограничувањето на учеството на граѓаните во социјалната и системска промена.

Повеќе...

Ана Видиниќ во организаторскиот тим на меѓународен настан

Ana Greenpass

МОДОМ во партнерство со НВО „Сите Различни – Сите Еднакви“ (All Different - All Equal) со поддршка на Советот на Европа – Европска Мадинска Фондација и Министерството за млади и спорт на Република Србија, од14-20 јули 2013 год, во Авала - Белград, организираше тренинг под наслов „Youth movers and Shakers“.

Повеќе...

МОДОМ на GREEN PASS 2013

GREENPASS 2013

Помеѓу 7. и 12. април 2013-та година во близина на Белград, Србија се одржа тренинг на млади активисти од организациите на Зелените ширум Европа. Семинарот беше во организација на НВО Svirazliciti- sviravnopravni, а со финансиска и стручна помош од Советот на Европа. На тренингот учествуваа млади луѓе од Ерменија, Азербејџан, Грузија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Молдавија, Русија, Белорусија, Украина, САД, Романија, Словачка, како и тројца претставници на МОДОМ - Ивана Блажевска, Магдалена Христова и Данаил Станојески.

Повеќе...

Блаже Јосифовски избран во ИО на ЦДН

Baze vo Turcija

Блаже Јосифовски од МОДОМ беше избран за член на ИО на Мрежата за соработка и развој на источна Европа за време на 4-то Генерално Собрание од 21-24 февруари 2013. На Собранието кое се одржа во Истанбул имаше учесници од младинските организации на Зелените од 13 земји и една партнер организација.

Повеќе...

МОДОМ доби Зелен пасош

Green Pass

Во Белград од 26 до 31 Август 2012 се одржа тренингот за“ Зелен пасош - Одржливо знаење“поддржан од Советот на Европа, Европска Младинска Фондација, НВО „ Сите Различни – Сите Рамноправни“.Учесници од МОДОМ беа Симона Сарделиќ, Александра Масинова, Марин Цветков, Ана Видиниќ и Славица Димовска. На тренингот освен домаќините земаа учество и млади активисти од Албанија, Турција, Грција, Белорусија и Шведска.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета