Активности

МОДОМ на студиска посета за миграција во Будипешта

milan budimpesta

Милан Николовски од општинската организација на МОДОМ од Куманово од 7 – 14 јуни 2015 учествуваше на студиска посета на тема „На граница со можното – миграција, креирање политики и млади“ организирана од Мрежата за развој и соработка на Источна Европа во Европскиот младински центар, во Будимпешта, Унгарија. Оваа студиска посета беше поддржана од Европската младинска фондација на Советот на Европа.

Повеќе...

МОДОМ стана членка на Федерацијата на Младите Европски Зелени

 

FYEG GA 2015

На собранието на Федерацијата на Младите Европски Зелени (FYEG) што се одржа во Тбилиси, Грузија од 4 до 7 јуни, МОДОМ (Младинската Организација на ДОМ) беше примена во оваа европска зелена мрежа.

Повеќе...

МОДОМ со апел до МОН

2modom

Младинската oрганизација на ДОМ апелира до Министерството за образование и наука и покрај прекинатиот штрајк на средношколците од безбедосни причини, дека посaкуваниот дијалог е трајна определба, како единствен можен начин со кој може да се дојде до заедничко прифатливо решение помеѓу засегнати страни.

Повеќе...

МОДОМ избра Претседателство

flaer spodeli go zelenoto

Младинската организација на ДОМ (МОДОМ) на ден 29. 3. 2015 година го оддржа третото изборно собрание на кое беше избрана новата раководна структура на МОДОМ. На собранието присуствуваа 107 делегати кои ја изгласаа предлог-програмата за периодот 2015-2017 година со следниве 5 главни области на делување: екологија, човекови права, зелена економија, млади и образование, соработка со меѓународни и невладини организации.

Повеќе...

МОДОМ Штип избра ново раководство

MODOM STIP

На 20 септември 2014, Младинската организација на ДОМ во Штип организираше Изборно собрание во Џез Арт Клуб „Матис“,  на кое ги изгласа новите раководни тела и своите програмски определби. Членовите на општинската организација на Собранието ги поздравија претседателот на Општинската организација на ДОМ Штип, Ванчо Санев и претседателката на МОДОМ, Симона Сарделиќ.

Повеќе...

МОДОМ со апел за толеранција

2modom

Младинската организација на ДОМ - МОДОМ, по повод 17 мај, меѓународниот ден за борба против хомофобијата и трансфобијата, упатува апел за толеранција и почитување на луѓето со различна сексуална ориентација.

Повеќе...

МОДОМ на настан за размена на активизам

MODOM vo Bg

Претседателката на МОДОМ, Симона Сарделиќ и членот на Извршниот Одбор на ЦДНЕЕ (CDNEE), Блаже Јосифовски, изминатиот викенд во Бугарија учествуваа на настан на кој беше преставен „фракинг“ методот за вадење на нафта и гас од шкрилци. На овој настан уествуваа и активисти од Србија како и експерти и преставници на граѓанските иницијативи кои работат на полето на „анти- фракинг“ од Бугарија.

Повеќе...

ДОМ потписник на Декларацијата за соработка со младите

NMS Deklaracija

ДОМ во пресрет на предвремените парламентарни избори  ја поддржа Декларацијата за соработка со младите. Во име на ДОМ, Декларацијата ја потпиша претседателката на Младинската организација, Симона Сарделиќ.

Повеќе...

МОДОМ на студиска посета во Стразбур

6

Членовите  на МОДОМ Кристијан Балески и Бојан Петровски од 16-23 Март земаа учество на студиска посета на тема „Open source- Open Mind“ во организација на CDN – FYEG во соработка со Оделот за млади при Советот на Европа. Семинарот се одржа во седиштето на Младинскиот центар при Советот на Европа во Стразбур, Франција.

Повеќе...

Јосифовски повторно избран во Извршниот одбор на ЦДН

Baze vo CDN

Потпретседателот на МОДОМ, Блаже Јосифовски беше реизбран за член на Извршниот одбор на Мрежата за соработка и развој на Источна Европа. На Генералното собрание кое се одржа од 20 до 23 февруари 2014, покрај делегатите од 14 земји беа присутни и преставници на Зелените од  Швајцарија, Каталонија, Австрија и Норвешка.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета