Активности

МОДОМ:Пратениците да ја дадат својата подршка за предлог-измената на Законот за спречување и заштита од дискриминацијата

 

modom kampanja seksualna orientacija

Во македонското законодавство Законот за спречување и заштита од дискриминација постои од 2010 година и во истиот недостасува сексуална ориентација и родовиот идентитет како основ за дискриминација.

Повеќе...

МОДОМ со донација за мигрантите

Modom humanitarna akcija

Делегација на МОДОМ ја предаде собраната помош во облека и храна во магацинските простории на Црвениот крст на град Скопје. Со ова заврши хуманитарната акција за помош на мигрантите кои транзитираат низ Р.Македонија.

Повеќе...

МОДОМ: Да се почитуваат правата на мигрантите

MODOM logo

МОДОМ ги поздравува измените на Законот за азил со кои мигрантите со потврдата во наредните 72 часа го легализираат престојот во Македонија и може да користат јавен транспорт. Истовремено ги поздравуваме и напорите на Црвениот крст, граѓанските организации и на хуманите луѓе кои несебично се посветија на овој проблем и прават се што можат да им олеснат на овие луѓе кои секојднево транзитираат низ земјава.

Повеќе...

МОДОМ во УО на Национален младински совет на Македонија

NMSM GS2015m

Изминатиот викенд во Струга се одржа Третото собрание на Националниот младински совет на Македонија. На Собранието беше усвоен Работниот план за 2015-2016 на Советот, а беа избрани и членовите на Управниот и Надзорниот одбор. Симона Сарделиќ, која беше претседателка на МОДОМ во периодот 2012 - 2015 година, стана дел од УО на НМСМ, а МОДОМ како делегат на Собранието го претставуваше Марија Михајловска, член на Претседателството.

Повеќе...

МОДОМ на студиска посета за миграција во Будипешта

milan budimpesta

Милан Николовски од општинската организација на МОДОМ од Куманово од 7 – 14 јуни 2015 учествуваше на студиска посета на тема „На граница со можното – миграција, креирање политики и млади“ организирана од Мрежата за развој и соработка на Источна Европа во Европскиот младински центар, во Будимпешта, Унгарија. Оваа студиска посета беше поддржана од Европската младинска фондација на Советот на Европа.

Повеќе...

МОДОМ стана членка на Федерацијата на Младите Европски Зелени

 

FYEG GA 2015

На собранието на Федерацијата на Младите Европски Зелени (FYEG) што се одржа во Тбилиси, Грузија од 4 до 7 јуни, МОДОМ (Младинската Организација на ДОМ) беше примена во оваа европска зелена мрежа.

Повеќе...

МОДОМ со апел до МОН

2modom

Младинската oрганизација на ДОМ апелира до Министерството за образование и наука и покрај прекинатиот штрајк на средношколците од безбедосни причини, дека посaкуваниот дијалог е трајна определба, како единствен можен начин со кој може да се дојде до заедничко прифатливо решение помеѓу засегнати страни.

Повеќе...

МОДОМ избра Претседателство

flaer spodeli go zelenoto

Младинската организација на ДОМ (МОДОМ) на ден 29. 3. 2015 година го оддржа третото изборно собрание на кое беше избрана новата раководна структура на МОДОМ. На собранието присуствуваа 107 делегати кои ја изгласаа предлог-програмата за периодот 2015-2017 година со следниве 5 главни области на делување: екологија, човекови права, зелена економија, млади и образование, соработка со меѓународни и невладини организации.

Повеќе...

МОДОМ Штип избра ново раководство

MODOM STIP

На 20 септември 2014, Младинската организација на ДОМ во Штип организираше Изборно собрание во Џез Арт Клуб „Матис“,  на кое ги изгласа новите раководни тела и своите програмски определби. Членовите на општинската организација на Собранието ги поздравија претседателот на Општинската организација на ДОМ Штип, Ванчо Санев и претседателката на МОДОМ, Симона Сарделиќ.

Повеќе...

МОДОМ со апел за толеранција

2modom

Младинската организација на ДОМ - МОДОМ, по повод 17 мај, меѓународниот ден за борба против хомофобијата и трансфобијата, упатува апел за толеранција и почитување на луѓето со различна сексуална ориентација.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета