Активности

MOДОМ заедно со ЦДНЕЕ организира панел дебата на тема „Очекувањата на младите од претстојните избори во Македонија“

POKANA MODOM CDN

Младинската организација на ДОМ (МОДОМ) ќе биде домаќин на Генералното собрание, највисокото одлучувачко тело на Мрежата за соработка и развој на Источна Европа (ЦДНЕЕ) на кое ќе присуствуваат делегати од сите организации- членки, а ќе се одржи од 25-ти до 28 февруари 2016 година, во Скопје, Македонија.

Повеќе...

MОДОМ: Повик за балканска солидарност со бегалците

CDN

МОДОМ се придружува кон повикот за солидарност со бегалците испратен од работната група „Балканска солидарност“ која е дел Мрежата за соработка и развој на Источна Европа (ЦДН). Член од МОДОМ во групата е Милан Николовски кој беше и учесник на конференции за бегалската криза во Тирана и Брисел заедно со членови од подмладоците на Зелените партии и невладини организации од Кипар, Франција, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска и Србија. Младите луѓе од Зелените преку СООПШТЕНИЕ (линк) ја изразија својата загриженост околу третманот и заштитата на овие луѓе и повикаа на солидарност и хуман однос кон бегалците.

Зелените ги повикуваат сите граѓани, движења и целокупното граѓанското општество, но пред сеВладите да преземат сериозни чекори согласно развојот на ситуацијата и сите чинители заедно да создадеме похумана атмосфера за бегалците. Барањата се основани на фактичката состојба на бегалците, случаитена користење насилни методи од полицијата, сложените процедури за регистрација, затворените граници и принудни враќања назад во нивните домови, неможноста да им се обезбедат основните услови за престој, здравствената заштита и медицински третман, како и слабата правна поддршка.

МОДОМ како дел од оваа меѓународна мрежа посочува на недоволната информираност и ниската свест за бегалската криза и недоволната подготвеност на институциите во справивањето со овој проблем.

 

МОДОМ со поддршка за студентите

MODOM logo1

МОДОМ силно ги поддρжува студентите и студентсκиот пленум и јавно го изρазуваме својот ρеволт пρотив одлуκата на гρадење баρоκни згρади во пρостоρот на УΚИМ!

Повеќе...

МОДОМ домаќин на Генералното собрание на Мрежата за соработка и развој на Источна Европа

MODOM logo

Младинската организација на ДОМ ќе биде домаќин на Генералното собрание, највисокото одучувачко тело на Мрежата за соработка и развој на Источна Европа (ЦДНЕЕ) на кое ќе присуствуваат делегати од сите организации- членки, а ќе се одржи од 25-ти до 28 февруари 2016 година, во Скопје, Македонија.

Повеќе...

МОДОМ на COP21 во Париз

FYEG COY

Александар Христу – Каневче и Милан Николовски од Младинската организација на Демократска обнова на Македонија (МОДОМ) учествуваа  на Младинската конференција (Conference of Youth – COY11) која се одржа од 26 - 30 ноември 2015 во Париз, Франција.Тие учествуваа во граѓанското движење против климатските промени што се одржа во центарот на Париз и на кое присуствуваа над 10 илјади млади и возрасни граѓани, членови на организации и туристи, кои сите заедно кажуваа пароли на француски, англиски, шпански јазик, како и напишани текстови на постери.

EYF MODOM COP21

Милан Николовски од МОДОМ на 1 декември 2015 беше избран за делегат на Европскиот младински форум преку Федерацијата на Европските млади зелени (Federation of young European greens – FYEG) на овогодинешната конференција за климатски промени (Conference of Parties – COP21) што се одржа во Париз, Франција.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета