Активности

МОДОМ полноправна членка на Федерацијата на Млади Европски Зелени

IMG 2390

МОДОМ е примен како полноправна членка во Федерацијата на Младите Европски Зелени (FYEG) на собранието што се одржува во Прага од 25 до 29 мај.Федерацијата на Младите Европски Зелени е официјалниот подмладок наЕвропската зелена партијаи претставува мрежа од 42 политички подмладока и невладини организации од цела Европа, кои ја имаат зелената идеологија како основа на дејствување.

Повеќе...

МОДОМ на најголемиот Европски младински настан 2016

EPvisitEYE2016

Милан Николовски од МОДОМ учествуваше на второто издание на Европскиот младински настан (EYE2016) што се одвиваше во Европскиот парламент во Стразбур на 20-21 мај со мотото "Заедно можеме да направиме промена".

Повеќе...

МОДОМ СО МЛАДИТЕ ЕВРОПСКИ ЗЕЛЕНИ ПО БАЛКАНСКАТА РУТА

FB IMG 1459001633182

Претставниците на МОДОМ, Милан Николовски и Симона Сарделиќ, се дел од кампањата на Федерацијата на млади европски Зелен за заштита на правата на мигрантите со наслов #overthefortress (#прекутврдината). Целта на оваа кампања е да се документираат предизвиците и опасностите со кои се соочуваат бегалците одејќи по таканаречената Балканска рута. Кампањата се состои од два дела, првиот дел кој започна од 25 - 29 март кога е предвидена посета на бегалскиот камп во Идомени на грчко-македонската граница. Вториот дел од кампањата ќе се одвива на италијанско-австриската граница, на 3 април 2016 година каде преку мирен протест младите зелени од цела Европа ќе побараат отварање на европските граници.

Повеќе...

MOДОМ: Исклучи се и вклучи се!

Logo Modom final

Апелираме до граѓаните на Република Македонија денес, 19 мај, во периодот од 20:30 до 21:30 часот, да ги исклучат сите светилки и електрични апарати, во своите домови и на тој начин да се вклучат во одбележување на најголемата светска акција за заштита на планетата земја и животната средина , како и охрабрување на глобалната заедница за споделување можности и предизвици за создавање на одржлив свет.

Повеќе...

МОДОМ потсетува на катастрофата од Фукушима

Fuk cover

МОДОМ се придружува кон одбележување на 5-годишнината од нуклеарната катастрофа во Фукушима, преку повик до Европа за поголемо инвестирање во зелената енегија наместо во градење на нуклеарни централи. Федерацијата на млади европски зелени  преку СООПШТЕНИЕ заедно со уште 13 свои организации членки, меѓу кои и МОДОМ, ја изразија својата загриженост околу моменталната состојба во Фукушима и можните последици во иднина.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета