prijavi zagaduvanje

Доаѓањето на зимата, ни навестува и зголемено загадување на воздухот. Сведоци сме изминатите години на енормното загадување на воздухот кое е многу кратно над дозволеното, и од кое според извештајот на Светска Банка на секои 6,5 часа умира по еден човек. Загадувањето доаѓа од неколку извори, и тоа, малите и големите индустриски капацитети, сообраќајот, градежните активности и огревот од домаќинствата. 

Младинската организација на ДОМ сака да придонесе во намалување на загадувањето оваа зима и ја почнува кампањата #ПријавиЗагадување. Целта на оваа кампања е да се овозможи систем за граѓаните за да го пријават загадувањето и воедно да се изврши притисок врз надлежните власти за преземање на мерки за контрола на работењето на фабриките, сообраќајот, домаќинствата и градежните активности.

 

Остро го критикуваме затворањето на обиколницата околу Скопје за потребите на снимање на филм, бидејќи како резултат на тоа стотици автомобили и товарни возила секојдневно се принудени да поминат низ Градот и со тоа да го згуснат сообраќајот и да го зголемат загадувањето на воздухот.

Апелираме Градот Скопје да направи план за затворање на Централното Градско подрачје за автомобили, и да се приклучи на иницијативата Ден без автомобили на 22 септември годинава.

Апелираме и до граѓаните да не се возат сами во автомобилите, и ако можат воопшто и да не го користат.

Апелираме општините да извршат ревизија на интегрираните еколошки дозволи Б за помалите индустриски капацитети и да го контролираат нивното работењето.

kampanja kimatski promeni

МОДОМ будно ќе го набљудува загадувањето преку достапните мерни станици, а воедно ќе биде и дежурен контакт сервис за граѓаните да пријават загадување од помал или поголем обем. На телефоните 076311601 и 5112900 и на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. секој ќе може да пријави сомнителни индустриски или градежни активности, согорување на несоодветни материјали (гуми, мебел и слично), МОДОМ ќе подготви писма за да ги информира општините и државниот инспекторат за животна средина, а во одредени случаи и тужби за оние кои ќе се докаже дека незаконски работат и загадуваат.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Билјана Крстевска
тел. 071 344 544
e-mail: biljana.krstevska80@gmail.com

Социјални медиуми

Анкета