6. MODOM LOGO za soopstenija na web

Младинската организација на ДОМ - МОДОМ апелира до општините и локалните власти за потребата од поставување на јавни тоалети за лицата со попреченост низ целата држава. Лицата со попреченост се соочуваат со вистински проблеми во секојдневното функционирање, соодветна инфраструктура и опрема.

МОДОМ алармира дека лицата со попреченост имаат ограничен пристап до институции,училишта и јавни установи. Градење на инклузивно општество подразбира и приспособување на општествената средина според потребите на граѓаните.