6. MODOM LOGO za soopstenija na web

Во моменти кога светот се соочува со последиците од климатските промени за кои Зелените алармираат повеќе од една деценија, глобалните климатски маршови се предводени од учениците а општеството е фокусирано на одржливи решенија и спас на планетата, Младинската организација на ДОМ му предлага на Министерството за образование и наука задолжително да се воведе во редовната настава предметот Животна средина и климатски промени.



Изучувањето на проблематиката на климата, начинот на реагирање и дејствување, одржливиот развој и светски познатата методологија климатска правда (climate justice) би бил соодветен модел за подготвување на младите во училиштата за проблематиката наречена климатски промени.

Ваков модел веќе е подготвен да се имплементира од наредната година во Италија каде што учениците ќе посетуваат 33 часови годишно односно 1 час неделно посветен на климатските промени.

МОДОМ апелира уште еднаш до МОН да спроведе суштински измени во образовниот процес и да го прифати барањето за воведување на овој предмет во училиштата. Сметаме дека од суштинско значење е во образовниот систем да се изучува предметот животна средина и климатски промени како што е впрочем случај во повеќе европски земји.