LGBT flag

Во пресрет на првата Парада на гордоста во Скопје на 29 јуни, МОДОМ уште еднаш ги потенцира потребите за почитување на основните човекови права на луѓето од ЛГБТИ заедницата. ЛГБТИ луѓето сеуште се мета на говор на омраза, насилство, дискриминација и нееднаков третман.

За поздрав е донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација каде што е нотирано дека државата има обврска да обезбеди ефективна заштита од дискриминација за ЛГБТИ луѓето преку вметнување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како дискриминациски основи.

МОДОМ ги поддржува активностите и значајниот придонес на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето чија координаторка е претседателката на ДОМ Маја Морачанин.