MODOM LOGO za soopstenija na web

Младинската организација на ДОМ – МОДОМ апелира до надлежните да се активираат итните мерки веднаш. Утрово Скопје е повторно најзагаден град во светот, очигледно сме биле во право кога побаравме да не се прекинуваат итните мерки и да продолжи бесплатниот автобуски превоз.

Затоа бараме вонредни инспекциски контроли,стопирање на градежните активности, бесплатен автобуски превоз, редовно собирање на сметот, миење на улиците и спроведување на Законот на зеленило.