milan budimpesta

Милан Николовски од општинската организација на МОДОМ од Куманово од 7 – 14 јуни 2015 учествуваше на студиска посета на тема „На граница со можното – миграција, креирање политики и млади“ организирана од Мрежата за развој и соработка на Источна Европа во Европскиот младински центар, во Будимпешта, Унгарија. Оваа студиска посета беше поддржана од Европската младинска фондација на Советот на Европа.

Покрај претставникот на МОДОМ на студиската посета учествуваа 40 млади луѓе од цела Европа, кои го споделија искуството од своите земји по ова прашање, со посебен акцент на младите во миграцијата и ги анализираа причините и последиците од миграциите. Во рамките на овој настан младите зборуваа за националните и меѓународните политики за миграцијата и за начинот на кој младинските организации можат да влијаа врз процесот на донесување одлуки преку презентација на алатки кои можат да се користат во застапувањето и кампањите.

 

modom budimpesta

На тој начин учесниците имаа можност да работат на развивање на сопствените способности и да се едуцираат за миграцијата. За време на овој настан учесниците составија и еден заеднички став (Statementза миграцијата од перспектива на Зелените.

Ова беше одличен проект кој ги мотивираше учесниците, но и ги обврза да продолжат да работат на оваа тема во своите земји. Овој проект овозможи и поврзување на младите активисти, политичари и новинари, што ќе го подобри протокот на информации и ќе ја олесни соработката на регионално и европско ниво.