Демократската обнова на Македонија (скратено ДОМ) е самостојна политичка партија во која членуваат поединци врз слободна и доброволна основа заради остварување на основните права и слободи на граѓаните утврдени со Уставот и со законите на Република Македонија. Демократската обнова на Македонија своето политичко дејствување ќе го остварува преку следниве начела и цели:
• целосно почитување на човекот, неговото достоинство и неговите права и слободи, согласно со највисоките цивилизациски и демократски придобивки; • остварување на темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија; • владеење на правото спрема сите граѓани подеднакво; • развивање на демократијата и обезбедување рамноправност на граѓаните; • изградба на општество на социјална правда; • обезбедување економска демократија и заштита на правото на работа; • развивање на пазарно и ефикасно стопанство и создавање услови за рамноправност на стопанските субјекти; • обезбедување слободен пазар на стоки и услуги; • натамошна изградба на Република Македонија како суверена, демократска, правна и унитарна држава; • ефикасна примена на законите и остварување на одговорноста на сите, без оглед на нивната политичка, етничка или верска определба и припадност; • негување на културните вредности и историските придобивки на македонскиот народ и на заедниците што живеат во нејзините граници; • втемелување и примена на европските системи на вредности во Република Македонија и нејзино непосредно вклучување во европските и во евроатлантските интегративни процеси; • развивање соработка со организации и институции од регионот во различни области и на различни нивоа; • заложби за подобрување на положбата и обезбедување на слободите и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји, утврдени со меѓународни документи, како и развивање културна и духовна комуникација со нив; • одржување и развивање комуникација и соработка со иселениците; • потикнување мисловен и политички плурализам.
Основните начела и цели, наведени во став 1 од овој член, се подетално разработени во Програмската декларација и во други документи што се донесуваат во рамките на политичкото дејствување на ДОМ. Во остварувањето на политичките начела и цели ДОМ користи исклучиво демократски средства. Сите обиди за користење недемократски, тоталитарни или други насилни методи ДОМ не ги прифаќа и ги отфрла како нецивилизирани.
Член 2
Демократската обнова на Македонија функционира преку следниве облици на организациско дејствување: • Органи и работни тела; • Поединечна и организирана активност на своите членови; • Парламентарна група, советнички групи, како и други функционери избрани од листите на ДОМ; • Соработка со други политички и неполитички здруженија и организации; • Други форми и начини што се соодветни на демократското уредување на општеството и на Партијата. Партијата Демократска обнова на Македонија, со посебна одлука на Централниот одбор, може да развива посебни облици на соработка со други партии и организации со сродни програмски цели од земјата и надвор од неа, да стапува во коалиции со други партии и организации од земјата и да членува во европски и светски организации со демократска ориентација.
Член 3
Работата на Демократската обнова на Македонија е јавна.
Член 4
Демократската обнова на Македонија е правно лице со седиште во Скопје, ул. "Железничка" бр. 33. Во политичката активност на Партијата, како и во правниот промет, ќе се користи целосното име на Партијата и нејзината кратенка - ДОМ.
Член 5
Партијата има тркалезен печат со пречник од 3 центиметри, во чија средина се наоѓа знакот на Партијата и на чиј раб е испишано името "Демократска обнова на Македонија". Партијата има знак што се состои од црвен круг во кој се впишани буквите: Д (во сина боја), О (во жолта боја) и М (во сина боја). Црвениот круг е пресечен со хоризонтална бела линија во последната четвртина. Знамето на Партијата е правоаголно со димензии во однос 1:2. Знамето е поделено на два дела по дијагонала: горниот лев дел е со бела боја, а долниот десен дел е со црвена боја...*
Член 6
Партијата ја застапува и ја претставува Претседателот на Демократската обнова на Македонија. Во случај на спреченост на Претседателот, Партијата ја претставува и ја застапува еден од Потпретседателите или друг член со претходно овластување од Претседателот.
II. ЧЛЕНСТВО
Член7
Секој полнолетен граѓанин - државјанин на Република Македонија кој ги прифаќа одредбите од овој Статут и Програмската декларација може да стане член на ДОМ. Во активностите на ДОМ можат да соработуваат и партиски неопределени лица - симпатизери на Партијата, кои на повик можат да учествуваат и на седници на органите и во работните тела на Партијата без право на глас.
Член8
Членот на ДОМ ги има следните права и обврски: • да учествува во градењето и остварувањето на политиката и активностите на Партијата; • да презема самостојно иницијативи што не се спротивни на овој Статут и на основните програмски и политички ставови на Партијата; • да избира и да биде избран во сите органи на Партијата; • да биде кандидат на партиските листи за парламентарни, претседателски и локални избори. • да ја извршува својата активност во согласност со Статутот; • да доставува слободно предлози, мислења и ставови за определени прашања, при што му се гарантира правото на слободно изразување и мислење; •да бара повторно разгледување на определени прашања, кога ќе оцени дека се создале услови за тоа, да го извести членството и да бара поддршка од членството тие повторно да бидат разгледани од страна на организацијата или органот наПартијата во кои не добиле мнозинска поддршка; • да ја плаќа редовно членарината, како и да дава прилози и други облици на доброволна помош во рамките на своите можности; • да ги остварува своите права пред надлежните органи на Партијата и во согласност со овој Статут; • да изразува и да застапува различно мислење во Партијата без да сноси последици.
Член9
Членувањето во ДОМ престанува во следниве случаи: • со доброволно истапување од Партијата, или • со зачленување во друга политичка партија. Членот за кој е констатирано дека му престанува членството во ДОМ има право на жалба во рок од 15 дена до Надзорниот одбор на ДОМ, чија одлука е конечна.
III. ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА И ОРГАНИ
. Член 10
Членството на ДОМ (опишано во член 7) е организирано според следниве принципи на дејствување: • територијален; • стручен; • генерациски; • интересни организарања.
Член 11
Територијалниот е основен принцип на организирање на ДОМ. Според наведениот принцип, ДОМ се организира во следниве организациски облици: • Општински организации на ДОМ; • Месни организации на ДОМ; • Градска организација на ДОМ-Скопје; и • Организирање на ниво на држава. Принципот на стручност овозможува организирање стручни тела (совети, одбори, комитети, комисии) што ќе работат по определени области во рамките на Партијата.
Според принципот на генерациска припадност, во сите органи на ДОМ треба да бидат застапени членови чија возраст е до 32 години, а кои се организираат во посебна група на влијание Тз Младинска организација на ДОМ. Според принципот на интерес, во рамките на ДОМ се формираат Форум на жените и други форми на интересно организирање. Внатрешната организација, правата и обврските на интересните облици на организирање и начините на дејствување, се пропишуваат со посебна одлука. а) Општинска организација на ДОМ и нејзини органи
Член 12
Општинската организација на ДОМ е основен облик на организирање на членството од подрачјето на една општина. Минималниот број членови што можат да основаат општинска организација на ДОМ е 15. Одлука за основање и престанок на дејствување на општинска организација донесува Централниот одбор на ДОМ.
Член 13
Органи на општинската организација на ДОМ се: Собрание, Општински одбор, Претседател, Извршен одбор и Надзорен одбор за подрачјето на општината.
Член 14
Собранието е највисок орган на општинската организација. Собранието го сочинуваат: • Претседателот на општинската организација на ДОМ; • членовите на Општинскиот одбор и на Надзорниот одбор на општинската организација на ДОМ; • членовите од Месните организации; • членовите од облиците на интересно организирање; • членовите на Централниот одбор на ДОМ; • Надзорниот одбор на ДОМ; • избрани и именувани функционери од редовите на ДОМ од подрачјето на една општина.
Член 15
Собранието на општинската организација има мандат од 4 години. Доколку бројот на членовите на општинската организација е до 150 (сто и педесет), тогаш сите се членови на Собранието.
Бројот на членовите на општинската организација и постапката за свикување општинско собрание се утврдува со посебна одлука на Општинскиот одбор или со одлука на Централниот одбор.
Член 16
Собранието на општинската организација ги има следниве надлежности: • учествува во градењето на политиката и во остварувањето на Програмата на Партијата; • избира членови на Општинскиот одбор; • избира членови на Надзорниот одбор на општинската организација; • донесува деловник за својата работа.
Член 17
Општинскиот одбор е највисок политички орган на општинската организација меѓу две седници на Собранието на општинската организација. Собранието на општинската организација на ДОМ го избира Општинскиот одбор, што го сочинуваат од 15 до 51 член. Членови на Општинскиот одбор на општинската организација на ДОМ се: • Претседателот на ДОМ; • Претседателот на Младинската организација на ДОМ; • избраните пратеници; • советници; • Градоначалникот; • Координаторот на Форумот на жените без право на глас.
Член 18
Општинскиот одбор ги има следниве надлежности: • избира Претседател на општинската организација; • избира еден или повеќе Потпретседатели и Секретар на општинската организација; • избира делегати за Конгресот/Конвенцијата на ДОМ, според одлуката за составот на Конгресот/Конвенцијата; • предлага кандидати за органите на ДОМ; • утврдува кандитати за органите на локалната самоуправа; • еднаш годишно расправа за извештајот на Претседателот и за состојбата во општинската организација на ДОМ; • расправа за извештаите на органите на ДОМ; • по потреба разгледува и други прашања поврзани со работата на Партијата.
Член 19
Претседателот на општинската организација ги има следниве права и обврски: • да ја претставува и да ја застапува општинската организација; • да раководи со општинската организација; • да учествува во градењето на политиката на ДОМ; • да ги свикува и да претседава со седниците на Општинскиот и на Извршниот одбор на општинската организација; • да извршува и други работи што му се ставени во надлежност со деловникот за работа, како и со посебни одлуки и акти на Извршниот одбор на општинската организација и на другите органи на ДОМ. Мандатот на Претседателот трае 4 години, со право на повторен избор.
Член 20
Правата и обврските на Потпретседателите и на Секретарот на општинската организација се уредуваат со Правилник врз основа на овој Статут.
Член 21
Извршниот одбор на општинската оранизација е извршен орган. Извршниот одбор на општинската организација на ДОМ го сочинуваат: • Претседателот на општинскиот одбор; • Потпретседателите и Секретарот на Општинскиот одбор; • Претседателот на Младинската организација на ДОМ; • 5 до 19 члена на Извршниот одбор избрани од општинското Собрание. Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 4 години, со право на повторен избор. На седниците на Извршниот одбор учествуваат и Претседателите на Форумот на жените и на Советот, избрани за подрачјето на определена општина, но без право на глас. Член 22 Извршниот одбор на општинската организација ги има следниве надлежности: • предлага одлуки, заклучоци и ставови до Општинскиот одбор; • ги извршува и се грижи за извршување на одлуките на Општинскиот одбор и на повисоките органи на Партијата; • дава политички оцени и потврдува политички ставови; • донесува одлука за основање, односно престанок на Месна организација; • донесува одлуки за основање интересни облици на организирање на општинско ниво; • донесува Деловник за својата работа; • расправа и решава за други прашања што се во негова надлежност и што произлегуваат од програмските и статутарните одредби на Партијата. • најмалку еднаш годишно расправа за извештајот на советничката група на ДОМ во Советот на општината; • еднаш годишно поднесува извештај до Општинскиот одбор на општинската организација.
Член 23
Седниците на Извршниот одбор ги свикува и со нив претседава Претседателот на Општинската организација или еден од Потпретседате лите. Седница на Извршниот одбор може да се свика и по барање на 1/3 од членовите на Извршниот одбор. Седниците на Извршниот одбор на општинската организација на ДОМ се свикуваат по потреба, но најмалку еднаш месечно.
Член 24
Надзорниот одбор на Општинската организација на ДОМ го сочинуваат 5 члена. Надзорниот одбор избира Претседател од својот состав. Начинот на функционирање и организациската поставеност на Надзорниот одбор се уредуваат со Правилник. Надзорниот одбор работи на седници што се одржуваат по потреба. Мандатот на Претседателот и на членовите на надзорниот одбор трае 4 години, со право на повторен избор. б) Месна организација на ДОМ
Член 25
Месна организација на ДОМ е облик на градење на политичката волја во Партијата за определено подрачје на организираност на месното население, како и на остварување на правата и обврските на членовите што произлегуваат од овој Статут. Начинот на функционирањето на Месната организација поблиску се опишува со посебен Деловник за работа на Месната организација. в) Градска организација на ДОМ-Скопје и нејзини органи
Член 26
Градската организација на ДОМ-Скопје е облик на организирање и дејствување на членовите на ДОМ на територијата на град Скопје. Одлука за нејзино основање и престанок на дејствување донесува Централниот одбор на ДОМ. Органи на Градската организација на ДОМ-Скопје се: • Собрание; • Претседател; • еден или повеќе Потпретседатели; • Градски одбор, кој се состои од 45 до 55 члена; • Извршен одбор, кој се состои од 17 до 21 член; • Надзорен одбор, кој се состои од 7 члена.
Член 27
Градската организација на ДОМ-Скопје е организирана и работи според истите правила што важат за општинските организации во согласност со одредбите од член 14 до член 24 од овој Статут. г) Организирање на ниво на државата
Член 28
Организирањето на ниво на државата претставува најширок облик на постоење и дејствување на ДОМ на територијата на Република Македонија.
Член 29
Органи на ДОМ се: • Конгрес; • Претседател; • Централен одбор; • Извршен одбор; • Надзорен одбор.
Член 30
Конгресот на ДОМ е највисок орган на Партијата. Конгресот на ДОМ го сочинуваат: • Претседателот на ДОМ; • членовите на Централниот одбор на ДОМ; • Претседателите на Општинските организации, Претседателот на ГО на ДОМ-Скопје и Претседателот на Младинската организација на ДОМ, односно вршителите на овие функции; • делегати избрани од општинските организации на ДОМ, утврдени со одлука за свикување Конгрес; пратеници во Собранието на РМ од ДОМ, • членови на Владата на РМ од ДОМ; • Советници во Совети на локалната самоуправа од ДОМ; • Градоначалници на општини од ДОМ; • членови на Надзорниот одбор. Конгресот се одржува најмалку еднаш на четири години. Одлука за свикување Конгрес донесува Централниот одбор и таа се објавува најмалку 30 дена пред денот на одржувањето. Под услови утврдени со овој Статут може да се свика и вонреден конгрес. Вонреден конгрес може да се свика на барање: на Претседателот на ДОМ, на најмалку 1/3 од членовите на ЦО ДОМ или на најмалку 1/3 од општинските организации на ДОМ. Предлогот за свикување Конгрес пред рокот утврден со овој Статут треба да содржи дневен ред со образложение.
Член 31
Конгресот на ДОМ ги има следниве надлежности: • донесува Програма и Статут на Партијата и врши нивни измени и дополнувања, со мнозинство гласови од вкупниот број членови/делегати; • го одобрува извештајот за работата на органите меѓу двата конгреса; • избира Претседател на ДОМ; • избира членови на Централниот одбор на ДОМ; • избира членови на Надзорниот одбор на ДОМ; • донесува Деловник за својата работа; • по потреба, разгледува и други прашања сврзани со работата на ДОМ.
Член 32
Претседателот на ДОМ: • ја претставува и ја застапува Партијата; • раководи со Партијата; • ги свикува и претседава со седниците на Централниот одбор и на Извршниот одбор; • извршува и други работи дадени во надлежност со општите акти и со посебните одлуки на органите на Партијата. Мандатот на Претседателот на ДОМ трае 4 години, со право на повторен избор.
Член 33
Централниот одбор на ДОМ е највисок орган на Партијата меѓу два конгреса. Централниот одбор на ДОМ го сочинуваат: • Претседателот на ДОМ; • 80-100 члена на Централниот одбор избрани од страна на Конгресот; • Претседателот на Младинската организација на ДОМ; На седниците на Централниот одбор учествуваат, без право на глас: • Претседателите на општинските организации; • Претседателот на Градскиот одбор на Скопје; • Претседателот на Советот на ДОМ; • избраните пратеници во Собранието на РМ од ДОМ; • Министри во Владата на РМ од редовите на ДОМ; • градоначалници од редовите на ДОМ; • Координаторот на Форумот на жените. Мандатот на членовите на Централниот одбор трае 4 години, со право на повторен избор.
Член 34
Централниот одбор ги има следниве надлежности: • дава политички оцени и утврдува политички ставови на Партијата; • избира 19-25 члена на Извршниот одбор на ДОМ; • избира еден или повеќе Потпретседатели; • донесува одлука за распишување внатрепартиски избори и утврдува критериуми и постапки за избор на членови и органи; • ја утврдува одговорноста на носителите на функции што ги избира; • ги разгледува и ги утврдува годишните финансиски планови и извештаи на Партијата; • ги утврдува начинот и облиците на материјална поддршка на Партијата во смисла на член 8 точка 8; • формира Центар за истражување и анализа, чии надлежности се утврдуваат со посебна одлука на Централниот одбор; • организира издавачка дејност и комуникација со јавноста, a неговите надлежности се утврдуваат со посебна одлука на Централниот одбор; • ги разгледува мислењата на Центарот за истражување и анализа; • ги разгледува мислењата на Советот на ДОМ; • основа постојани и повремени работни тела (одбори, комисии, проектни групи) чиј делокруг на работа се утврдува со одлука за нивно основање; • донесува одлуки за основање посебни служби на Партијата и други облици за вршење на својата дејност; • донесува акт за висината и начинот на плакањето на партиската чланарина; • донесува деловник за својата работа; • по потреба, решава и за други прашања сврзани со работата на Партијата кои со Статутот или со друг општ акт не се ставени во надлежност на друг орган на Партијата; • ја утврдува листата за кандидати за градоначалници и советници за општински и градски совети; • го утврдува бројот и начинот на делегирање на членови на Конгресот на Партијата; • избира Секретар; • ја утврдува листата за пратеници; • ја утврдува листата за избор на Претседател на РМ од ДОМ; • утврдува изборна програма за парламентарни и претседателски избори. Централниот одбор на ДОМ може со своја одлука да формира регионални и други облици на поврзување и дејствување на општинските организации, а нивните надлежности се утврдуваат со одлуката за формирање.
Член 35
Седниците на Централниот одбор ги свикува и со нив претседава Претседателот на ДОМ. Во случај на отсуство на Претседателот, седниците ги води и со нив претседава еден од Потпретседателите.
Член 36
Централниот одбор со мнозинство гласови од присутните членови на седницата избира еден или повеќе Потпретседатели. Бројот на Потпретседателите се утврдува со посебна одлука на Централниот одбор.
Член 37
Потпретседателите ги имаат следниве права, должности и одговорности: • го заменуваат Претседателот на ДОМ, во случај на негова отсутност или спреченост да ја извршува функцијата; • се грижат за спроведување и реализација на програмата на Партијата; • се грижат за работата на органите и телата на ДОМ; • се грижат за операционализација на донесените ставови и заклучоци; • вршат и други работи што ќе им ги додели Претседателот на ДОМ.
Член 38
Секретарот на Партијата се избира од страна на Централниот одбор на ДОМ со мнозинство гласови. Секретарот на Партијата ги има следниве надлежности: • го организира внатрепартискиот живот, се грижи за следењето и извршувањето на одлуките, ставовоите и заклучоците на органите на Партијата; • ги подготвува седниците на органите на Партијата; • учествува во градењето на политиката на ДОМ; • се грижи за кадровските прашања на Партијата; • се грижи за финансиското работење. Мандатот на Секретарот трае 4 години, со право на повторен избор.
Член 39
Извршниот одбор на ДОМ е извршен орган на ДОМ. Извршниот одбор на ДОМ го сочинуваат: • Претседателот на ДОМ; • еден или повеќе Потпретседатели; • Секретарот на Партијата; • 19-25 члена што ги избира Централниот одбор од својот состав; • Претседателот на Младинската организација на ДОМ. На седниците на Извршниот одбор на ДОМ учествуваат, без право на глас: • Координаторот на Форумот на жените; • Координаторот на Парламентарната група; • Претседателот на Советот на ДОМ. Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 4 години, со право на повторен избор.
Член 40
Извршниот одбор е извршен орган на ДОМ. Извршниот одбор на ДОМ ги има следниве надлежности: • предлага одлуки, заклучоци и ставови заради спроведување на политиката и остварување на програмата на Партијата; • учествува во градењето и изразувањето на политичката волја на Партијата; • ги реализира одлуките, заклучоците и ставовите на Централниот одбор; • ги разгледува прашањата од внатрешен, организациски и кадровски карактер и се грижи за ефикасно спроведувањето на професионалните работи за потребите на Партијата; • се грижи за организирање на тековното финансиско и материјално работење на Партијата и донесува соодветни одлуки и други акти; • ги разгледува иницијативите, предлозите, мислењата и молбите што се упатени до него, односно што се однесуваат на организациските прашања на Партијата; • донесува акти и решава во врска со прашања од областа на работните односи во Партијата; • формира работни групи за изработка и извршување задачи од негова надлежност и, по потреба, задолжува членови за конкретни надлежности; • поднесува извештај и е одговорен за својата работа пред Централниот одбор; • ги разгледува заклучоците и ставовите на Советот на ДОМ; • остварува и други права и обврски што ќе му ги довери повисок орган; • донесува деловник за својата работа. Co работата на Извршниот одбор раководи Претседателот на ДОМ или еден од Потпретседателите.
Член 41
Советот на ДОМ е советодавно тело составено од стручни лица и истакнати научни, културни и јавни работници. Основна задача на Советот е да помага во заземањето ставови за прашања од стратешка важност за работата на Партијата и за земјата. Co работата на Советот раководи Претседател избран од Централниот одбор на ДОМ. Мандатот на Претседателот на Советот трае 4 години, со право на повторен избор. Членовите на Советот не се задолжително членови на ДОМ. Работата на Советот се регулира со посебен правилник.
Член 42
Надзорниот одбор на ДОМ се состои од 9 члена. Надзорниот одбор на ДОМ, од својот состав, избира Претседател. Мандатот на Претседателот и на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години, со право на повторен избор. Надзорниот одбор на ДОМ ги има следниве надлежности: • врши контрола на финансиската и деловната активност на Партијата; • врши контрола во врска со спроведувањето на Статутот и на другите акти и одлуки; • поднесува извештај за својата работа на Конгресот; и • донесува деловник за својата работа. Ha Надзорниот одбор му се достапни сите релевантни податоци и документи, а за тоа е одговорен Претседателот на ДОМ. Надзорниот одбор одлучува по жалби на одлуки од ЦО на ДОМ.
IV. ОДЛУЧУВАЊЕ
Член 43
Органите на Партијата полноважно одлучуваат ако на состаноците се присутни повеќе од половината членови што ги сочинуваат органите, a одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од присутните. Co деловник за работа или со посебна одлука може да се предвиди и посебна постапка за усвојување одлуки во повеќе кругови на изјаснување, при што во процесот на изјаснување отпаѓаат предлозите со најмал број гласови, сз додека со изјаснувањето не се утврди дали некој од предлозите добил мнозинство гласови од присутните. Ако значително малцинство, односно најмалку 30% од вкупниот број членови на органот, се изјасни против донесувањето на одлуката или пак се воздржи, донесувањето на одлуката се одложува до наредната седница на соодветниот орган и тогаш одлуката се донесува со мнозинство гласови. Органите на ДОМ имаат право да одлучуваат за кадровски промени во својот состав до 20% од вкупниот број избрани членови во мандатниот период. Значителното малцинство од став 3 на овој член не смее да трпи никакви последици за изнесените ставови.
V. ИЗБОРИ
Член 44
Постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во органите се утврдуваат со одлука на Централниот одбор на ДОМ. Co одлука на Централниот одбор на ДОМ се утврдуваат критериумите и принципот на деакумулација на функции.
Член 45
Изборот на носители на функции во ДОМ се врши по правило со јавно гласање во случаи кога има повеќе кандидати за избор на носители на функции, a no барање на 30% од вкупниот број делегати гласањето може да биде и тајно. Избран е оној кандидат што добил најголем број гласови, односно над 50% од присутните, но не помалку од 1/3 гласови од вкупниот број членови на телото. Доколку во првиот круг не се избере ниеден од кандидатите, во вториот круг влегуваат двајцата кандидати што освоиле најголем број гласови, а за избран се смета кандидатот што добил поголем број гласови, но не помалку од 1/3 од вкупниот број присутни членови што гласале. Доколку и по вториот круг не се избере ниеден од кандидатите, постапката на избор се повторува со нова листа.
Член 46
Изборот на членови во органите на ДОМ се врши со јавно гласање, освен ако не се одлучи поинаку. Избрани се оние кандидати што добиле најголем број гласови, но не помалку од 1/3 гласови од вкупниот број членови на избирачкото тело. Ако при гласањето не е избран потребниот број членови на органот, дополнително се избираат онолку кандидати колку што е потребно за да се пополни составот на органот, на начин што се определува со деловник или што ќе го утврди избирачкото тело. Во сите органи на ДОМ секој пол треба да биде застапен со најмалку 30%.
Член 47
На орган му е изгласана недоверба ако за недоверба гласале повеќе од половината присутни, но не помалку од 1/3 од вкупниот број членови на гласачкото тело. Во случај на изгласана недоверба, органот ги извршува своите функции дефинирани со Статутот до рокот утврден за избор на нов состав.
Член 48
Доколку на избрани органи на државно, градско, односно општинско ниво им се изгласа недоверба, во рок од 30 дена се закажува соодветно вонреден Конгрес, односно Собрание за избор на нов орган, чиј мандат трае сз до крајот на постојниот мандат на Конгресот, односно Собранието. Доколку му се изгласа недоверба на Претседателот на ДОМ, во рок од 30 дена се свикува вонреден Конгрес и се избираат сите органи на ДОМ, чиј мандат трае 4 години. Доколку им се изгласа недоверба на други носители на функција или на органи, во рок од 30 дена се свикува соодветниот орган кој ги избира, а мандатот на новите членови трае до крајот на постојниот мандат.
Член 49
Постапката, начинот и критериумите за утврдување кандидати за претставници во Собранијата се утврдуваат со правилник што го донесува Централниот одбор на ДОМ.
VI. ПРАТЕНИЦИ И СОВЕТНИЦИ ОД ДОМ
Член 50
Пратениците на ДОМ избрани во Собранието на Република Македонија формираат Парламентарна група во Собранието заради координирање на своето дејствување.
Член 51
Членовите на Парламентарната група од своите редови избираат координатор и заменик-координатор. Парламентарната група дејствува во согласност со правилата за работа на Парламентарната група што ги усвојува како свој деловник, а во согласност со одлуката на Централниот одбор на ДОМ.
Член 52
Парламентарната група ја координира својата активност со Централниот одбор на ДОМ и најмалку двапати годишно му поднесува извештај за својата работа на Централниот одбор, кој донесува оцени и ставови во однос на прашањата што се предмет на парламентарните дебати.
Член 53
Советниците во советот на општината (градот) од редовите на ДОМ формираат советничка група заради координирање на своето дејствување. Членовите на советничките групи од своите редови избираат координатор и заменик-координатор. Советничките групи најмалку еднаш годишно поднесуваат извештаи за својата работа пред Општинските организации на ДОМ, a Советничката група во Советот на град Скопје пред Градскиот одбор на ДОМ. Советничките групи редовно ја координираат својата работа со оние органи кои донесуваат оцени и ставови во однос на прашањата што се предмет на расправа на советите.
VII. МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА И ФОРУМ НА ЖЕНИТЕ
Член 54
Младинската организација на ДОМ е форма на организирање на младите до 32 години што дејствува во рамките на ДОМ и ги прифаќа и ги остварува програмските документи на Партијата. Одлука за основање и распуштање на Младинската организација донесува Централниот одбор на ДОМ.
Член 55
Bo Младинската организација можат да членуваат и симпатизери на ДОМ.
Член 56
Членовите на Младинската организација избираат сопствени органи на сите организациски нивоа и нивните претставници се директно вклучени во работата на органите на ДОМ.
Член 57
Организациската поставеност и односите во Младинската организација на ДОМ се регулираат со посебен акт.
Член 58
Форумот на жените на ДОМ е организација на жените што дејствува во рамките на ДОМ и ги прифаќа и ги остварува програмските документи на Партијата. Организациската поставеност и односите во Форумот на жените се регулираат со акт на Форумот на жените. Во Форумот на жените на ДОМ можат да учествуваат и нечленови на ДОМ, односно симпатизери.
VIII. ФИНАНСИРАЊЕ
Член 59
Демократската обнова на Македонија и нејзините организациски облици стекнуваат финансиски средства и друг имот од: • партиска членарина; • донаторство и прилози од членови и симпатизери; • други приходи од физички и правни лица; • буџетот на РМ; • сопствена стопанска дејност, доколку е дозволено со закон. Централниот одбор на ДОМ утврдува посебен правилник за материјално-финансиското работење на Партијата.
IX. СТОПАНСКА, ИСТРАЖУВАЧКА И ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ
Член 60
Партијата може да врши стопанска и друга дејност, доколку е дозволено со закон. Партијата може да биде основач и соосновач на претпријатие или други организациски облици за вршење стопанска или друга дејност, доколку е дозволено со закон. Централниот одбор на ДОМ управува со имотот и го води работењето на Партијата и во име на ДОМ ги исполнува правата и должностите што произлегуваат од положбата на основач на претпријатие или друг вид стопанска дејност. Престанокот на членувањето во ДОМ, како и престанокот со работа или распуштањето на организациските облици не дава никави права врз имотот на ДОМ.
Член 61
Заради промоција на Партијата, ДОМ организира издавачка дејност, што опфаќа издавање книги, весници, списанија и други јавни гласила, и формира научно-истражувачки организации, доколку е дозволено со закон. Одлука за издавање јавни гласила од став 1 на овој член донесува Централниот одбор на ДОМ, кој е носител на правата и обврските што според законот ги има издавачот. Централниот одбор на ДОМ со посебен општ акт може да ги уреди прашањата во врска со издавачката дејност.
X. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
а) Престанок на функцијата на орган на ДОМ
Член 62
Функцијата на орган на Партијата престанува со отповикување или со поднесување оставка. Одлука за отповикување на член на орган или носител на функција донесува органот на соодветното ниво на организираност што го извршил изборот, на начин на којшто се избрани членовите на органите или носителите на функции. Во случај на отповикување, функцијата престанува во моментот на објавувањето на резултатите од гласањето за отповикување, а во случај на оставка со нејзиното констатирање од соодветниот орган.
Член 63
Предлог за отповикување може да поднесе: • Собранието на Општинската организација на ДОМ; • Градскиот одбор на ДОМ-Скопје; и • Централниот одбор на ДОМ.
Предлог за отповикување член на орган на Партијата на државно ниво можат да поднесат Претседателот на ДОМ или најмалку 1/3 од делегатите на Конгресот. Член на Извршниот одбор на ДОМ се отповикува на начин на којшто е избран на таа функција, на предлог од Претседателот на ДОМ или од Извршниот одбор на ДОМ. Претседателот на ДОМ се отповикува на начин на којшто е избран на таа функција, а предлог можат да поднесат најмалку 1/3 од вкупниот број општински организации на ДОМ или најмалку 1/3 членови на Централниот одбор. Член на орган или носител на функција кој со одлука е отповикан од должноста има право на жалба во рок од 15 дена до Надзорниот одбор на ДОМ, чија одлука е конечна.
Член 64
Оставката за престанок на функцијата се поднесува до соодветниот орган. Подносителот на оставката има право писмено или усно да ја образложи оставката.
б) Распуштање на организациски облик на ДОМ
Член 65
Централниот одбор на ДОМ може да донесе одлука за распуштање на организациски облик на ДОМ поради целосно престанување на неговата работа или намалување на обемот на дејноста, како и поради неостварување на програмските, статутарните и политичките цели на Партијата. Против одлуката за распуштање може да се поднесе жалба од страна на органот на кој се однесува таа одлука во рок од 15 дена. Жалбата се поднесува до Надзорниот одбор на ДОМ, чија одлука е конечна.
в) Стручна служба на ДОМ
Член 66
Заради извршување стручни, административни и други работи, Партијата основа стручна служба. Извршниот одбор на ДОМ ги донесува општите акти со кои се уредува организацијата и работата на службата, како и одлуките сврзани со правата и обврските од работниот однос, доколку со овој Статут или со друг општ акт не е поинаку определено.
XI. ПРЕСТАНОК HA ДОМ
Член 67
Демократската обнова на Македонија може да престане да дејствува: • со одлука на Конгрес, за која е потребно двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Конгресот, a no претходна расправа во Партијата; • доколку бројот на членовите се намали под законски определениот број за негово основање. За престанок на ДОМ во случаите од став 1 точка 1 и 2 на овој член Претседателот на ДОМ или лице што го заменува, односно лице овластено од него, го известува надлежниот суд во Скопје заради бришење на Партијата од судскиот регистар. Co одлуката за престанување со работа, Конгресот решава и на кого ќе му го даде, односно отстапи или подари, имотот на ДОМ - на државата (фондови за социјална поткрепа), хуманитарни организации, на Црквата и сл.
XII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 68
Толкувањето на Статутот и неговите одредби ги врши Статутарната комисија. Статутот стапува во сила со денот на донесувањето.
Член 69
Сите општи акти на Партијата мора да се усогласат со одредбите на овој Статут во рок од 60 дена.
ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА претседател, Лилјана Поповска