СЛЕДИ ГО

ЗЕЛЕНОТО

Актуелно

  • Почетна
  • Центар за комуникации
  • Информации од јавен карактер
  • Галерии
  • Проекти
  • Прашање до ДОМ
  • Контакт
  • Пропаганден материјал

Документи

  • Статут
  • Историјат
  • Раководство
  • Структура
  • Симболи
  • Пристапница
  • ____________________________
  • Локална самоуправа
  • Градоначалник
  • Советници

 

Превземи програма во .pdf


Билтени


Превземи Манифест во .pdf


Година на Македонскиот јазик

JoomlaWatch Stats 1.2.7 by Matej Koval


ДОМ кај Европските Зелени
Делегација на ДОМ по покана од Европската Зелена Партија, присуствуваше на Советувањето на Европските Зелени што се одржа во Париз од 09 до 12 октомври. Делегацијата предводена од претседателката Лилјана Поповска на советувањето ги презентираше постигањата кои Република Македонија ги има постигнато по прашањата кои се однесуваат на состојбите на животната средина и иницијативите што ДОМ ги спроведува сам или во соработка со владата за заштита на животната средина, развој на туризмот, еднаквите можности за сите граѓани. Делегацијата на ДОМ во официјалната комуникација (печатените материјали, идентификационите документи) беше именувана со Македонија.
Повеќе...
 
Соопштение по повод непримерната реакција на пратеникот Јани Макрадули од СДСМ во Собранието на РМ на ден 09.10.2008 година (четврток)

Со цел точно да се информира јавноста, ниту Лилјана Поповска ниту ДОМ не бегаат од прашањата кои се сретнуваат на македонската политичка сцена.

Токму на овој ден македонска делегација предводена од  Лилјана Поповска  ја претставуваше состојбата на животната средина во Република Македонија на Советувањето на Европските зелени партии во Париз.

Од Европските Зелени партии беше посебно истакнато значењето на Регионалната конференција на Балканските зелени партии што ја организираше ДОМ.

Повеќе...
 
Став на ДОМ за разговорите за името

Сакаме да им дадеме сугестии на нашите колеги од политичките партии кои во понеделник ќе разговараат на т.н. наречена лидерска средба. 

ДОМ предлага разговорите во Њујорк да се водат во 2 чекора. Прво да се побара во ООН да се потврди нашиот идентитет со што во графите за нацијата и јазикот да стои македонски.

Како втор чекор да продолжат разговорите за разликите околу името, кои веруваме ќе се водат во многу порелаксиранa и поконструктивна атмосфера.  

За нас како ДОМ прифатлива е двојната формула, под услов да се договори пристојно име со кое Грција би ни се обраќала.
Повеќе...
 
Регионална конференција на Балканските зелени партии - Одржливо управување на водните ресурси на балканскиот регион -

Денеска Демократската обнова на Македонија - ДОМ, во хотелот Арка ја организираше Регионалната конференција на Балканските зелени партии. Темата на конференцијата беше „Одржливо управување на водните ресурси на балканскиот регион“. На конференцијата земаа учество зелените партии од Македонија, Грција (во чија делегација беа членовите на колективното претседателство г-н Михалис Тремопулос и г-н Филипос Драгумис, како и претставникот од македонското малцинство во Грција г-н Атанасиос Парисис) понатаму од  Бугарија, Србија и Албанија, предводени од највисоките партиски раководства.  
Повеќе...
 
ТРИБИНА МЕХАНИЗМИ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТУРИЗМОТ ВО РМ

Во Клубот на пратениците на 26.09.2008 во присуство на претставници од туристичката дејност, од Факултетот за туризам во Скопје и од институциите беше одржана трибина на тема „Механизми за субвенционирање на туризмот во РМ“. Повод за трибината што ја модерираше Лилјана Поповска, претседател на ДОМ и пратеник, беше неодамна усвоениот амандман на членот 57 од Законот за туризам, кој предвидува дека „заради побрз развој на туризмот и формирање поконкурентни цени на туристичките аранжмани, ќе се донесе Упатство за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет“. На трибината на присутните им се обратија Лилјана Поповска, Аце Миленковски, декан на Факултетот за туризам во Скопје, Емил Димитровски претседател на Стопанската комора за туризам на РМ, Зоран Николовски, претставник на секторот за туризам во Министерството за економија и Зоран Стрезовски, магистер по туристички науки и претседател на општинската организација на ДОМ во Охрид.Двочасовната плодна дискусија донесе различни видувања и аспекти кои треба да се респектираат при изработката на Упатството за субвенционирањето.

Повеќе...
 
Повеќе Артикли...
  • Екологијата неопходна за поквалитетен живот во Република Македонија
  • ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЦРВЕНКОВСКИ ДА СЕ ВОЗДРЖИ ОД ПАРТИСКО ДЕЈСТВУВАЊЕ
  • Решавање на статусот на професионалните војници во АРМ
  • РЕАКЦИЈА НА ДОМ ПО ПОВОД АБОЛИЦИЈАТА ЗА ЗАЕВ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЦРВЕНКОВСКИ
  • Седница на Центарлен одбор
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

    cssandhtml