ДЕКЛАРАЦИЈАТА НА ДОМ ЗА ЗЕЛЕНИ ОПШТИНИ ПОДДРЖАНА ОД ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ
ДОМ за денот на Планетата Земја, 22 април,на македонската јавност ја понуди Декларацијата за зелени општини. Оваа Декларација им беше понудена на носителите на власт на локално ниво – градоначалници, претседатели на општински совети, општинските совети, како и на граѓаните на Република Македонија.
На прес конференцијата одржана во Градскиот Парк Скопје, Потпретседателот на ДОМ Соња Лепиткова изрази задоволство и благодарност до потписниците на Декларацијата за зелени општини во Република Македонија. Декларацијата ја поддржаа31 градоначалник, 10 претседатели на општински совети, 4 општински совети со одлука ја усвоија, а потпишана а и од голем број советници и граѓани. Декларацијата покрај претставниците од ДОМ, ја потпишаа и носителите на власт од ВМРО ДПМНЕ, Социјалистичка парија на Македонија, ДУИ, Нова демократија, Демократски сојуз и други. Ова ја поткрепува нашата увереност дека свеста за важноста на зелената опција како политика особено во областа на животната средина, социјалните прашања и одржливиот развој, кај политичарите и кај граѓанитее подигната на многу повисоко ниво. Со денешната прес конференција уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба, но и очекувања и подготвеноста за работа на конкретни проекти за остварување на целите на Декларацијата, преку отворена соработка со сите политички и граѓански субјекти.
МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ЕУ – ГИ ВАЛОРИЗИРАА НАПОРИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ДОМ изразува задоволство од одлуката на Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија. Оваа одлука е резултат на долгогодишните напори што Република Македонија ги вложи во процесот на евро-атлантското интегрирање и резултат на посветеноста во исполнувањето на критериумите за наше полноправно членство во Европската Унија.
Во одлуката на Министрите за надворешни работи на ЕУ, Република Македонија е многу јасно потенцирана, како единствена земја од Западен Балкан која во целост ги исполнила строгите критеруми за визна либерализација поставени од ЕУ и дека со сигурност на почетокот на идната година Македонија ќе биде ослободена од оваа бариера.
Оваа одлука значи многу за македонските граѓани. Конечно ќе можат да се почувствуваат бенефитите од протокот на луѓе, идеи и капацитети. Тоа значи признавање и на економските, културните, научните и историските вредности кои Република Македонија ги поседува и нивна промоција во Европската Унија.
ДОМ изразува задоволство и од работата на Владата на Република Македонија, која во изминатиот период, сериозно пристапи кон надминување на овој цивилизациски ѕид и успеа со преземените политики и активности да ја однесе Македонија чекор поблизу до Европската Унија.
ШАРСКИ ВОДИ СЕ ЕТАБЛИРА КАКО НАЈГОЛЕМА СПОРТСКО РЕКРЕАТИВНА АКТИВНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА
Спортско – рекреативниот планински велосипедски маратон Шарски води, кој претставува етапа од Проектот Планинска велосипедска трка низ Македонија Сончев Круг, вчера потврди дека е најголемата спортско рекреативна манифестација во велосипедизмот во Македонија. Вчера на падините на Шар планина, се собраа над 300 велосипедисти во планински велосипедизам од целата држава.
Планинскиот велосипедски маратон Шарски Води 2009, стартуваше во 7.30, од кај Планинарскиот дом Смреки, а целта беше кај детското одмаралиште Бунец, кај Мавровско езеро. Вкупната должина од 92 км., во машка конкуренција прв ја мина Горан Стефановски, а зад него беа Александар Сиљановски и Димитри Димитров, а во женска конкуренција прва беше Челана Димитриевиќ, втора на целта пристигна Елизабета Пољоска, а трета Биљана Митроска. Маратонот помина во најдобар ред со мали технички проблеми на велосипедистите, кои беа разрешувани на самата патека и сите пристигнаа на целта.
ДОМ е сериозно загрижен од најавите за изградба на нуклеарна централа во Македонија. Токму затоа и денешната трибина со наслов „Сонце место нуклеарка“, која претставува и почеток на јавната дебата и вклучување на јавноста по ова прашање и конципирањето на Националната стратегија за енергетика.
Лилјана Поповска, претседателката на ДОМ во своето воведно излагање рече: Обновливите енергии, а особено сонцето, мора да почнеме да ги користиме многу помасовно. Размислувањата за изградба на нуклеарна централа немаат логична рамка, тргнувајќи од ризиците кои таа ги носи – големи инвестициони средства, сеизмички трусно подрачје, недоволно количество на вода, немање технолошка култура, немање човечки ресурси, немање простор за складирање на нуклеарен отпад. Македонија треба да се стреми кон постигнување максимална енергетска ефикасност, а не кон енергетско расипништво. Всушност каква туристичка и еколошка земја ќе создаваме, ако во неа поставиме нуклеарна централа.
Трибина: КАКО ДО ПОГОЛЕМА ПРИМЕНА НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА -МЕРКИ, АКТИВНОСТИ, ПОЛИТИКИ
Сонцето ни дава огромна количина на бесплатна, чиста и потполно еколошка енергија, многу повеќе од нашите потреби , но треба да знаеме и да сакаме да ја искористиме. Oва беше мислењето на сите учесници на трибината во организација на ДОМ со наслов „Како до поголема примена на сончевата енергија – мерки, активности,политики“
Македонија има голем број на сончеви денови и голем потенцијал за користење на сончевата енергија. Меѓутоа тој потенцијал е искористен помалку од 1%, а знаеме дека според европските директиви до 2020 треба да користиме најмалку 20% обновлива енергија од вкупното количество. Сонцето е најподатливо за остварување на таа цел и затоа треба да се свртиме кон негово искористување. Тој процес кај нас е бавен и затоа треба да го користиме искуството од другите земји и да предвиди одредени стимулативни мерки било како неповратни средства или како „меки зелени кредити„ за користење на сончевата енергија, кои ќе бидат на подолг рок и со помала каматна стапка, а во европските земји тие кредити ги обезбедуваше државата и така го стимулираше населението за нивно наменско користење. На пример Австрија има 35% помалку сончево зрачење од Македонија, на таа има 100 пати поголема искористеност на оваа енергија. Нам како државапотребни ни се измени и допрецизирања на законските и подзаконските акти за да се зголеми употребата на сончевата енергија, како топлотна или за производство на електрична енергија.