ДОМ против железара среде лозјата во Неготино!

Jasmina_Leskaroska_press_webЗа ДОМ е неприфатлива помислата да се гради железара среде лозјата во Неготино.Тоа би значело уништување на земјоделските култури од кои сега живеат илјадници семејства во Тиквешијата, а најголема штета би имале лозарите и винопроизводителите. ДОМ смета дека е незаконски да се внесува тешка загадувачка индустрија во Неготино, кога со просторниот план е предвидена лесна индустрија. Дури и за лесната индустрија важи правилото дека може да биде прифатлива за земјоделието, само ако строго се почитуваат еколошките стандарди. ДОМ апелира да не си отвораме нови рани. Доволно ни се главоболките со постоечките постројки од тешката индустрија, изградени на несоодветни места и со застарена технологија. ДОМ укажува дека дојде времето во Македонија отворено да се дебатира за одржлив економски развој, што само по себе значи дека во секоја економска активност мора да се води сметка и за екологијата.

Повеќе...

Градски архитект по примерот на европските метрополи

Gradski_arhitekt_04-1

ДОМ, како зелена партија, предлага законски измени со кои архитектите ќе го добијат важното место во општеството, во интерес на сите нас како граѓани и во интерес на нашата животна средина. Имено, предлагаме измени во Законот за Град Скопје, со внесување на поимите градски архитект и градски совет на архитекти, кои ќе бидат важни актери при креирањето и спроведувањето на Генералниот урбанистички план на Скопје. Со јавни расправи за постојните и за новите урбанистички решенија со стручната фела, граѓаните, инвеститорите ќе добиеме подобри урбанистички решенија кои ќе бидат во склад со современите естетски, еколошки и социјално одржливи стандарди за проектирање и градба, кои водат кон зелени и паметни градови (green cities, smart cities), концепт кој го прифатија многу европски метрополи.

Повеќе...

Признавање на јаглеродните кредити како механизми и финансиски инструменти

DOM_-_21.12.2011_-_Tribina_Jaglerodni_krediti_21Поставена е стратешката рамка за постигнување на баланс меѓу развојот на државата и активностите за намалување на климатските промени.Во насока на искористување на можностите кои ги нуди механизмот за чист развој, во блиска иднина треба да се создадат предуслови државата да ги признае јаглеродните кредити како финансиски инструмент – хартии од вредност  и да се донесе соодветна законска регулатива,да се надминат објективните и субјективните пречки како недостаток на податоци, поголема координација, а исто така ќе биде потребно засилување на приватните и јавни финансиски текови за превземање на мерки за намалување и адаптирање кон климатските промени, како и за трансфер на технологијата и јакнење на капацитетите, од што најголема бенефит ќе имаат потенцијалните мали и средни инвеститори.

Повеќе...

ДОМ изненаден од упорноста на Метрудхем да ја рестартира Топилницата

ДОМ им препорачува на Метрудхем да не си ги трошат парите за студија, која чини стотини илјади евра, а не може да се реализира. Наместо тоа, нека се поштедат себеси од трошок, а сите нас од нови стресови, со тоа што ќе се фокусираат на наоѓање реално и разумно решение, преку дислокација на Топилницата.

Повеќе...

Градежната експанзија главна причина за загадувањето

slika

Претворањето на Скопје во бетонска џунгла е една од главните причини за загадувањето на воздухот во главниот град. Интензивното и неконтролирано градење го спречува струењето на воздухот и со тоа го намалува неговиот квалитет....

Повеќе...

Повеќе Артикли...

Страница 1 од 25

Почеток
Пред
1

pristapnica2

Зелена мрежа

Зелен канал

Зелена галерија