Форумот на жени на Демократска обнова на Македонија -ДОМ е организација на жените што дејствува во рамките на ДОМ и ги прифаќа и остварува програмските определби на партијата. Во него се вклучени членови и симпатизери на ДОМ. Јакнењето на Форумот на жени на ДОМ е еден од приоритетите зададени во програмата за работа на ДОМ за периодот 2019-2023 година.

 Главни програмски определби на Форумот на жени на ДОМ се:

Постигнување родова еднаквост

Родова еднаквост значи подеднаква видливост на учеството на двaта рода во сите сфери на приватниот и јавниот живот. Примената на овој принцип резултира со обезбедување на поголема понуда на идеи и решенија со цел создавање на избалансирано и хармонично општество. За да се овозможи практично функционирање на принципот на родова рамноправност, неопходна е целосна имплементација на правата на жените како човекови права и елиминирање на сите форми на дискриминација на жените. Ова претставува и една од основните определби на Зелената програма на ДОМ.

Активно учество на жените во политичкиот живот

  • Воведување квота за најмалку 50% (50+%) жени во органите на партијата
  • Измени на Изборниот закон со воведување на квота за најмалку 50% жени, на избирачките листи за парламентарни и локални избори и квота за најмалку 50% жени кандидатки за градоначалници
  • Воведување квота за најмалку 50% жени министерки во Владата
  • Воведување квота за најмалку 50% жени во управни и надзорни одбори, комисии и тела во надлежност на централната и локалната власт
  • Промовирање на постигнатите ефекти како резултат на активноста на жените-политичарки
  • Промовирање на женските граѓански и политички права
  • Ефикасна заштита и спречување на дискриминација на жените
  • Елиминирање на говорот на омраза кон жените

Економско јакнење на жените

  • Зголемување на фондовите за финансиската поддршка и економско јакнење на жени претприемнички, рурални жени, самохрани мајки  и обезбедување обука за користење на тие фондови
  • Поттикнување на деловен успех, деловна култура и деловна етика на жените
  • Развивање на мерки за активна улога на жените на пазарот на трудот со фокус на “озеленување” на националната економија и создавање нови “зелени” работни места
  • Промоција на жени успешни претприемници
  • Формирање на фонд за поддршка на неформалниот бизнис сектор и жените од руралните средини (традиционална храна, занаети, ракотворби)
  • Достапни едукации од областа на бизнис, менаџмент и маркетинг за жени
  • Обезбедување баланс на приватниот и професионалниот живот на жените со овозможување повеќе опции за флексибилно работно време по избор на жените (работа од дома, работа во одредени денови), зголемување на бројот на градинки кои работат во две смени, воведување родителско отсуство со вклучување на мажите
  • Намалување на родовиот јаз во платите
  • Спречување на мобинг на работното место
  • Подобрување на работничките права на жените, посебно во приватниот сектор

Жените и климатските промени

  • Зголемување на свеста за влијанието на климатските промени на жените како ранлива категорија
  • Зголемено учество на жените во креирање на политиките за климатски промени
  • Зголемен пристап на жените до финансиските средства наменети за климатските промени

Социјална грижа за жените

  • Борба против родово базирано и домашно насилство
  • Целосна имплементација  на Истанбулската конвенција и усогласување на останатата законска регулатива
  • Борба против стереотипите и предрасудите
  • Продолжување со обуките за родова еднаквост на наставен кадар, судии, обвинители, полиција и јавната администрација
  • Грижа за ранливите групи (стари лица, лица со посебни потреби, деца без родители, самохрани мајки)
  • Воведување волонтерска работа во вид на проектна активност во средните училишта за посета и помош на лица кои имаат потреба
  • Политики за поддршка на жените од трето доба
  • Унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето

Здравствена заштита на жените

  • Подобрување на условите за здравстена заштита на жените
  • Задолжителна примарна здравствена заштита во руралните средини
  • Подобрување на здравствената едукација на жените
  • Унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје на жените
  • Обезбедување пристап до гинеколог за секоја жена и во урбаните и руралните средини
  • Намалување на менструалната сиромаштија

Образование и наука на жените

  • Кампањи за потребата за образование на жените
  • Обезбедување на неформално образование за жени со незавршено задолжително образование
  • Организирање на курсеви, семинари и работилници за стекнување одредени вештини со цел за полесно вработување
  • Зголемена поддршка на жени научници

Грижа за децата и младите

  • Овозможување бесплатна здравствена заштита на децата и младите до 18 годишна возраст
  • Кампањи за потребата за образование на децата, особено во руралните средини
  • Имплементација на стратегија за воспитување и обука на децата и младите и нивно насочување кон вистинските вредности за соодветна интеграција во општеството
  • Сеопфатно сексуално образование на младите
  • Поттикнување и поддршка на децата и младите да се занимаваат со спорт- поттикнување и афирмација на воведување на женски спортски тимови
  • Различни форми на стимулирање на ученици и спортисти
  • Воспоставување содржини за човекови права, еднакви можности, недискриминација и толеранција на различностите во образовните програми и учебниците

Развој на зелените вредности и имплементирање на Зелената програма на ДОМ

Форумот на жени на ДОМ се залага за развој на зелените вредности вградени во Зделената програма на ДОМ: демократија, човекови права, владеење на правото, борба против корупцијата, социјална правда, солидарност, заштита на животната средина и климатска акција.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl