DOM zname

Форумот на жени на ДОМ организира хуманитарна акција за  собирање на храна, облека, обувки и средства за лична хигена за бездомните лица, по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат кон оваа хуманитарна акција. Своите донации можат да ги достават во Централната канцеларија на ДОМ (ул. Никола Вапцаров бр.18 Скопје).

Собраната помош ќе биде предадена на 11.03.2014г.- вторник, ден кога бездомните лица се собираат во Дневниот центар за бездомници на град Скопје .